„Што гледаш!?“ отвора ново поглавје во подигање на свеста за борбата против трговијата со луѓе  

- Македонија
858

 

Со цел да се информираат граѓаните на Македонија за постоењето на проблемот од трговија со луѓе граѓанското здружение Отворена порта им ги презентираше можните ризици и индикатори од трговијата со луѓе на случајните минувачи на плоштадот во Скопје. Преку ова активност како дел од кампањата „Што гледаш?“ успеа да ги информира граѓаните на Скопје дека жртва на трговија со луѓе би можел да биде секој од нас и околу нас.

Како дел од кампањата, Отворена Порта организираше информативен караван каде младите, кои се всушност најчести жртви на трговија со луѓе, на интерактивен начин беа запознаени со проблемот на трговијата со луѓе и како да се заштитат од истиот. Во текот на караванот, кој се одржа од 19ти до 27ми септември, беа опфатени повеќе од450 средношколци од Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Куманово, Штип, Гевгелија и Скопје кои беа запознаени со овој проблем и охрабрени доколку бидат соочени со него да го пријават на бесплатната СОС линија.

Минатата година во Македонија од 6те лица кои беа идентификувани како жртви на трговија со луѓе3 се малолетни а 3 возрасни лица. 5 од жртвите се со македонско државјанство а само 1 е со странско државјанство. 5 од нив  биле сексуално експлоатираниа 1 била присилена на брак.

Кампањата цели да ги охрабри сите кои сакаат да се информираат за трговијата со луѓе и сите кои ќе се соочат со истатада се јават на бесплатната СОС линија: 0800 11 11 1

Следете ја кампањата и нејзините активности на Facebook:OpenGateMacedonia #ШтоГледаш?

Facebook Коментари