Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Физичка пресметка, нападнато 14-годишно лице, агресивно однесување кон полициски службеници,

На 09.06.2026 во 20:43 часот во охридското село Велгошти, по претходна расправија, Д.Н. со дрвен предмет ја нападнал С.Р.(24), двајцата од истото село, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.06.2026 во 18:35 часот на кеј „Македонија” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.В.(38) од Охрид кој, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот  ќе следува соодветна пријава.

На 09.06.2026 во 12:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во охридското село Пештани едно лице со дрвен предмет нападнал 14-годишник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: