Гостиварец е осомничен за убиството во Кичево

- Хроника
605

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Х.Ј.(47) од гостиварското село Ќафа.

Х.Ј. казненото дело го сторил на  29 декември минатата година околу 17,00 часот во угостителскиот објект „Гурман“ лоциран на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, кога со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил М.С.(64)- сопственик на објектот.

Х.Ј. е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар а потоа, ќе биде изведен  пред судија на претходна постапка.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

 

Facebook Коментари