Почина Лук Пери, ѕвездата од „Беверли Хилс“

- Хроника
714

Почина познатиот актер Лук Пери.   Актерот оствари повеќе улоги, но најпознат беше  по улогата на Дилан во серијата „Беверли Хилс“. Тој  почина вчера  во болница во Бурбенк, Калифорнија во 52-та година од животот.

Минатата седмица Пери доживеа мозочен удар и оттогаш беше хоспитализиран.

Претставник за јавноста соопшти: „Актерот Лук Пери почина денес откако доживеа масивен мозочен удар. Беше опкружен од неговите деца Џек и Софи, свршеницата Венди Медисон Бауер, поранешната сопруга Мини Шарп, мајката Ен Бенет, очувот Стив Бенет, братот Том Пери, сестрата Ејми Кодер и други блиски роднини и пријатели.“

Лук имаше долга и успешна кариера во филмската индустрија.

 

Facebook Коментари