Лев банер Десен банер

Приведен 75-годишен жител на Пештани за незаконит риболов во Охридското Езеро

На 05.06.2026 во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро, на брегот на Охридското езеро го приведоа Н.А.(75) од охридското село Пештани. При акциска контрола, тој е затекнат при извршување на кривично дело „незаконит риболов” и биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба и една рибарска мрежа. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: