Анита Мицова со нов албум

- Интервју, Музика
1558

Збор два со Анита Мицова можда и понекое прашање за нејзината работа во Македонскиот музички етер,
а поточно поводот за ова интервју е новиот албум на Анита “Ти сум јас”.

Албумот е готов се чека само неговата промоција.
strugaonline: Колку време се подготвуваше албумот и кој е авторскиот тим кој стои за него?
Анита: Албумот го потготвувавме скоро една година за да стигне до завршниот момент,мастеринг.
А соработката е со Весна Малинова-Бабамова,и Кирил Бабамов.
22
strugaonlinе: Како најава за албумот во етер беше пуштена песната “Два животи”.Какви беа реакциите на публиката?
Анита: Позитивно сум изненадена од реакциите на слушателите и не очекував да има таков успех.Не би можела да бидам рамнодушна на позитивните коментари,и нормално тоа ми дава елан за понатамошната работа со музиката.

strugaonlinе: Како стилски би го опишала албумот и дали имаш свој фаворит?
Анита: Не би можела да го одредам точниот стил на албумот со еден збор но кога веќе би го опишувала владее боса нова со етно,чил,примеси и варијанти.Најтешко е да се избере фаворит од своите песни бидејќи сум исто поврзана со сите и сите си имаат своја приказна.

strugaonlinе: За кога е планирана промоцијата на албумот?
Анита: Промоцијата беше планирана да се направи пред два месеци но со законот за забрана на Македонска музика “пропаднаа” тие планови.Мислам дека нема да чекам уште долго па се надевам некаде на почетокот на Март албумот да биде издаден и да биде направена неговата промоција,но да не ветувам ќе бидеме во контакт и ќе ве информирам.

strugaonlinе: Ние ја очекуваме твојата покана за промоција и ти посакуваме успех.
Анита: Ви благодарам

Facebook Коментари