Македонија против Луксембург на стартот од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2028 – мечот се игра во Скопје
Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за Европското првенство во ракомет, ЕХФ ЕУРО 2028, со натпревар против селекцијата на Луксембург.
Нашите ракометари ќе имаат можност да ги започнат квалификациите пред домашната публика, а натпреварот е закажан за среда, 4 ноември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Поддршката од трибините ќе биде особено важна за македонската репрезентација, која ќе се обиде со добар резултат да го отвори квалификацискиот циклус и да направи чекор кон пласман на континенталниот собир.
Билетите за натпреварот Македонија – Луксембург се достапни онлајн преку платформата МК Тикетс.
🎟️ Билети: https://mktickets.mk/event/mkd-lux/
Се очекува домашната публика да ја исполни салата во црвено-жолти бои и да им даде силна поддршка на избраниците на македонската репрезентација во обидот квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2028 да ги започнат со победа.
StrugaOnline

