Почина легендарниот македонски голман Благој Истатов

- Спорт, Хроника
1338

Познатиот македонски голман Благој Истатов почина денеска во 71-та година од животот.

Целиот свој живот тој го посвети на фудбалот. Негов матичен клуб беше Беласица, а има настапувано и за Победа од Прилеп, Партизан од Белград и Утрехт од Холандија.

Истатов беше дел и од поранешната југословенска репрезентација.

После завршувањето на фудбалската кариера, како тренер се посвети на едукација на млади голмани, работеше со голманите на македонската фудбалска репрезентација, а потоа беше член на Управниот одбор на ФФМ.

 

Facebook Коментари