Лев банер Десен банер

РШ Динг Струга отвора врати за најмладите: Бесплатни тренинзи и запознавање со ракометот до 1 јули

Ракометната Школа Динг Струга започнува промотивен месец посветен на најмладите љубители на спортот, со цел децата да ја почувствуваат радоста на ракометот и да се запознаат со основите на играта.

Клубот ги поканува сите машки деца на возраст од 5, 6 и 7 години да дојдат и бесплатно да пробаат тренинзи, дружење и спортски активности во позитивна атмосфера.

Од клубот информираат дека до крајот на сезоната, односно до 1 јули, сите заинтересирани деца ќе можат без членарина да присуствуваат на тренинзите, со цел полесно да се запознаат со спортот, особено затоа што станува збор за помали возрасти.

Тренинзите и презентацијата ќе се одржат:

  • во сабота во 11:00 часот
  • во понеделник во 19:00 часот

Од РШ Динг Струга велат дека преку ракометот децата развиваат физичка подготвеност, координација, дисциплина, тимска работа и спортски дух, но и создаваат нови пријателства и здрави навики.

За повеќе информации, заинтересираните родители можат да се обратат кај тренерот Дејан Коцарески на телефонскиот број 078-432-286.

StrugaOnline

error: