Струшките ракометари со убедлива победа во Кавадарци

- Локални, Спорт
946

Ракометарите на Струга постигнаа убедлива победа на гости во Кавадарцди со резултат 25:35 во натпреварот од шестото коло во Првата лига. Во првиот дел од натпреварот домаќините успеаа да поведат неколку пати, најмногу што успеаа е да дојдат до предност од „плус 2“, а Стружани на одмор отидоа со предност од еден гол (14:15)

Вториот дел од натпреварот комплетно и припадна на нашата екипа, а Тиквеш направи многу грешки во нападот. Дуелот заврши со резултат 25:35.

Најдобар стрелец во  струшките ракометни редови беше Александар Стојанов со 13 голови, додека Сенад Бајрамоски даде 7. Кај Тиквеш се истакнаа Лазов со 8 и Витанов со 6 голови.

Извор: 24rakomet

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари