Oстанува ли Македонија без Евровизија?

- Македонија
770

Гледачите на Македонската радио-телевизија може наскоро да останат без европски спортски првенства, без Евровизија, странски програми, филмови и без странски документарци поради натрупан долг кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), пренесува “Radio Free Europe Free Liberty”, а извести muzika24.mk.

МРТ има долг поради кој се соочува со санкции од трето ниво, потврди Клер Рејнфорд, висока претставничка за односи со јавноста од ЕБУ.

“За жал, Македонската радио-телевизија веќе нема пристап до нашите сервиси се додека не го плати долгот”, вели Рејнфорд, која не ја откри сумата што ја должи националниот сервис. Долгот кон ЕБУ се однесува за годишната членарина, но и за некои програмски права. Според т.н. Кодекс за финансии, документ на ЕБУ, воведувањето санкции од трето ниво значи дека долгот е постар од 270 дена.

“Во случај на фактура која не е платена во рок од 270 дена од датумот на издавање, пристапот до сервисот ќе биде прекинат и извршниот одбор автоматски ќе побара препорака од Генералното собрание за целосно исклучување на членката од ЕБУ”, пишува во документот.

Извор: muzika24.mk

фото: архива

Facebook Коментари