Стружанката Мила Ристовска најдобар стрелец на ЖРК Вардар во кадетската лига
Младата ракометарка од Струга, Мила Ристовска, уште еднаш го потврди својот голем талент и лидерски квалитети, завршувајќи ја сезоната како најдобар стрелец на кадетскиот тим на ЖРК Вардар Скопје.
Во пресрет на летната пауза и анализата на сезонските резултати, од редовите на актуелните шампионки ги објавија најдобрите стрелци во кадетската конкуренција, а на врвот на листата се најде токму капитенот на екипата, стружанката Мила Ристовска.
Ристовска во текот на сезоната постигна вкупно 53 погодоци, со што убедливо го предводеше својот тим и даде значаен придонес во успесите на Вардар.
Топ 5 листата на стрелци во кадетскиот состав на ЖРК Вардар изгледа вака:
- Мила Ристовска – 53 погодоци
- Мила Николовска – 46 погодоци
- Ивана Трифуновска – 43 погодоци
- Драгана Тодоровска – 38 погодоци
- Јована Павичевиќ – 33 погодоци
Како капитен на тимот, Мила Ристовска не само што беше лидер на теренот, туку и пример за посветеност, борбеност и спортски дух. Нејзините настапи во текот на сезоната беа од клучно значење за шампионските резултати на Вардар, а признанието за најдобар стрелец е уште една потврда за нејзиниот квалитет и потенцијал.
Со вакви изданија, младата стружанка продолжува да го привлекува вниманието на ракометната јавност и да го трасира патот кон уште поголеми успеси во својата спортска кариера.
StrugaOnline

