23 лица во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
316

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 83 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-24, Струга-23, Кичево-33, Дебар-3).

-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19, информираат од СВР Охрид.

Facebook Коментари