29-тото издание на турнирот во мал фудбал во Враништа ќе започне на 8-ми мај, пријавувањето е во тек

- Локални, Спорт
556
Организациониот одбор на турнирот во мал фудбал ,,Враништа“ и оваа година ја продолжува традицијата со организирање на турнирот во мал фудбал по 29 пат, насловен како Пролетен турнир во мал фудбал ,,Враништа 2023”
Почетокот на турнирот е закажан за 8-ми мај во 20:00 часот. Пријавувањето на екипите ќе се врши на телефонските броеви 071-959-370 и 078-362-172 и ќе трае најдоцна  до 6-ти мај.
Учеството на турнирот изнесува 4000 денари. Екипите треба да бројат од 6 до 10 играчи.
Извлекување на групите ќе се иврши на 7 -ми мај во 20:00 часот
Финалниот натпревар е предвиден за 2-ри јуни.
Strugaonline

Facebook Коментари