4 лица во Струга и 16 во Охрид казнети поради неносење маски, во Охрид три прекршување на полицискиот час

- Локални
354
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 34  прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-16, Струга-04,Кичево-14). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.  Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, во Кичево извршени се 25 контроли по угостителски и други објекти. Истовремено, во Охрид  евидентирани се 03 прекршувања на забраната за движење од 20 до 05 часот со цел  спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.. Против овие лица, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари