Maкедонија го осигура своето место на ЕП со победа над Финска

- Спорт
352

Машката сениорска репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Финска со резултат 27:22. Со оваа победа нашите ракометари го осигураа своето место на Европско првенство и во јануари ќе биде меѓу селекциите кои ќе настапат во Унгарија и Словачка.

Иако Македонија беше фаворит, ракометарите на Финска покажаа максимална подготвеност и не дозволија лесен натпревар.

Откако на почетокот на натпреварот во нашите редови можност добија помладите ракометари, на терен дојдоа Лазаров, Миркуловски, Кузмановски, Стоилов кога Финска веќе имаше +3 па до крајот на првиот дел се водеше борба за израмнување , но првиот дел заврши со +2 за Финска (14:12)

Израмнувањето се случи во 40-та минута 17:17, а девет минути подоцна капитенот и селектор на Македонија, Кирил Лазаров донесе водство од 20:19.

Потоа следуваше доминација на нашата репрезентација,  после петте гола во серија Македонија дојде до 23:19, а потоа само се одржуваше потребната предност до крајниот резултат 27:22

Strugaonline

Facebook Коментари