50 години Ресторан Центар Струга – традиција, вкус и доверба

- Локални, Маркетинг
344

Приказна за успехот на едно семејство:

Во далечната 1975 година, Сали Усеини се врати од САД со голем сон – да создаде место каде што луѓето ќе уживаат во вистинскиот вкус и топлината на домашната атмосфера. Со срце и душа, го отвори својот прв ресторан во Струга – Ресторан Центар, каде што првите години со него беше и неговиот брат Рамадан. Ресторан Центар брзо стана симбол на гостопримство и врвен кулинарски квалитет.

Годините минуваа, а неговите синови, Беким и Башким, ја продолжија традицијата. Со иста страст и љубов кон гастрономијата, во 2020 година го отворија Restaurant Adenia, носејќи свежа енергија, но истата вредност – врвен вкус и искрено гостопримство.

Денес, во 2025 година, ова семејство слави 50 години успех! Половина век исполнет со вкусови што остануваат во сеќавањето, со насмевки на верните гости и со традиција што се пренесува низ генерации.

-Како знак на благодарност, следните 5 месеци ќе ви носиме специјални понуди и незаборавни гастрономски моменти!

Благодариме што сте дел од нашата приказна. Продолжуваме да ве служиме со истата љубов и посветеност, велат сопствениците на рестораните Центар и Адениа.

StrugaOnline

Facebook Коментари