AСОМ ја промовираше видео-приказната за струшкиот талент Јован Кутаноски

- Локални, Спорт
919
,,Кога ученикот го надминува учителот, приказната вреди да се раскаже.  Погледнете ја инспиративната приказна на малиот триатлонец Јован Кутаноски кој уште на три години го завршил својот прв триатлон, а досега има освоено повеќе први места во својата категорија како на државно, така и на меѓународно ниво.“-вака  Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија го најавува видеото за младиот и талентиран стружанец Јован Кутаноски.
Тој е првиот талент поддржан во вториот циклус на кампањата „Вложуваме во млади таленти“.
Видеото можете да го проследите на следниов ЛИНК

Јован е најмладата спортска гордост во нашиот град. Има остварено големи успеси, како  што  се освоеното прво место на Националното триатлон првенство во Дојран, прво место во Хрватската триатлон лига и првото место во триатлон на меѓународно натпреварување во Германија, во својата категорија.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари