Балетското студио ,,БАХ“ освои осум први места, едно второ и две специјални награди на Интернационалниот натпревар ,,Stage“

- Локални
670
Балетското студио ,,БАХ“ постигна одлични резулати на петтото издание на Интернационалниот натпревар ,,Stage“ што викендов се одржа во Скопје. Од девет кореографии со кои се натпреваруваа, во Струга се вратија со осум први места, едно второ и две специјални награди.
Бах сениори освоија награда за најдобра формација на цел натпревар, а специјална награда добија и најмладите, БАХ mini kids.
-Show dance Seniors Formation Until we meet again (this is not the end) – прво место и специјална награда за најдобра формација.
-Show dance Seniors Formation “Behind the mask” – второ место
-Show dance mini kids formation Barbie world – прво место и специјална награда
-Open children group “Wednesday’s show” -прво место
-Open duo/trio children “Bun up the dance”-прво место
-Small group juniors “Only girl in the world” -прво место
-Street style/MTV Dance Juniors Formation “Bring the action” – прво место
☆Show dance group junior “You are not alone” -прво место
☆Open duo/trio adults “Troublemakers” -прво место.
,,Горда сум на своите деца кои се натпреваруваа во текот на целиот ден, покажаа максимална професионалност, наградите зборуваат за нивните настапи. Освен жири комисијата, Баховки ја освоија и публиката која ги поздравуваше со големи аплаузи. Горда сум на постигнатите резултати. Уште еднаш докажавме дека посветената работа носи резултати на кои Струга треба да биде горда. Честитки и за организаторите на натпреварот, кои беа на висина на задачата.“-изјави Тања, кореограф и идеен творец на Балетското студио БАХ.
Strugaonline

Facebook Коментари