Денеска се одбележува Светскиот ден на детето.
Генералното собрание на Обединети нации во 1954 година го прогласи 20-ти ноември за Светски ден на детето. Целта на одбележувањето е јавноста да го сврти вниманието кон обврските на општеството кон децата, како и на проблемите со кои се соочуваат децата.
Денот се одбележува за да се заштитат и унапредат правата на децата.
Детските права се утврдени со Конвенција за правата на децата, усвоена во 1989 година. Конвенцијата е ратификувана од 193 држави, а основни принципи се право на живот, опстанок и развој, најдобрите интереси на детето, право на партиципација, како и правото на недискриминација.
Од 1990 година со Светскиот ден на детето се одбележува и годишнината од датумот кога Генералното Собрание на ОН ја усвои Декларацијата и Конвенцијата за детските права.
По повод денешниот ден, деца се појавуваат во медиумите ширум светот и укажуваат на проблемите со кои се соочуваат во рамките на различни области.
Facebook Коментари