Балетското студио „Бах“ освои три награди на „Skopje Open 2017“

- Забава, Локални
1381

Изминатиов викенд во Македонската опера и балет се одржа интернационалниот натпревар „Skopje Open 2017“, љубителите на танцот имаа можност да уживаат во овој настан, а Струга има причини да биде горда. Балетското студио „Бах“ на овој натпревар уште еднаш ги покажа своите извонредни квалитети, креативност, талент и напорна работа.

Ваквите вредности секогаш се наградувани, така и овој пат Баховки освоија две први места и едно второ. Сениорите на балетското студио Баx  освоија прво место во „Open“ категорија. Во истата категорија први беа и јуниорите на Балетското студио Бах, а во категоријата  „Show dance“  јуниорите освоија второ место.

Овие награди се само доказ за долгогодишната работа на ова балетско студио кое танцот го претвара во култура на живеење.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари