Студиото за танц БАХ ви го честита интернационалниот ден на танцот, 29-ти aприл, со специјална фотографија изработена за денешниот ден.

Нивната порака е: “Јас не сум само танчер, јас сум изведувач, јас сум уметник, јас дишам во ритам, гледам како исчезнува светот, ги ослободувам моите чувства, срцето ме води, се смеам… Не, јас не танцувам, јас правам многу повеќе. Ширете љубов – танцувајте.“
Ексклузивна информација е дека студиото во моментов работи на нивниот проект кој ќе биде многу интересен и необичен како и секогаш и Стружани со нетрпение го очекуваат.
На нашиот портал наскоро ќе добиете подетални информации за сето она што Балетското студио „БАX“ со љубов го подготвува за сите љубители на танцот и уметноста во нејзината најсофистицирана смисла.
Strugaonline
Facebook Коментари