Бесплатна театарска претстава „Крик за љубов“ за сите средношколци од Прва година вечерва во Охрид

- Локални
271

Националната установа Центар за култура,,Григор Прличев”- Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација за таа цел со почетокот на новата театарска сезона 2022/23 година почна со континуирано прикажување на театарски претстави.

За успешен почеток на школската година охридскиот центар за култура нуди БЕСПЛАТНА посета на театарската претстава „Крик за љубов” за сите средношколци од ПРВА година од градот Охрид. Театарската претставата „Крик за љубов” е романтична комедија создадена од француската писателка Жозиен Баласко а во режија на Љупчо Георгиески. Улогите ги толкуваат Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Ивица Цонев и Адријана Билаловиќ Тодороска.

-Младата популација повторно да е насочиме кон културните вредности во пост Ковид периодот, бидејќи културата го дефинира идентитетот младиот човек и го регулира неговото натамошно однесување.-велат од Охридскиот центар за култура.

Претставата ќе се одигра вечерва со почеток во 20.00 часот (ограничен број на посетители).

 

Facebook Коментари