Билтен на СВР Охрид: Пожар на плажа во близина на авто камп во Охрид, физичка пресметка помеѓу малолетници

- Локални, Хроника
2774

На 06.04.2024 во 18.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажа на брегот на Охридското езеро, во близина на авто камп, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

По неколкуте пожари, случени деновиве на отворен простор на подрачјето што го покрива, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел поголема заштита на регионот од појава на пожари. Апелираме, граѓаните да избегнуваат палење оган во шумските предели, на стрништа, на плевел, отпадоци и на секој друг отворен простор и воедно потсетуваме дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни кривични пријави и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

На 07.04.2024 во 01.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 06.04.2024 околу 23.30 часот на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, по претходна расправија, настанала физички пресметка помеѓу неколку малолетници, која продолжила и на булеварот „Туристичка”, при што се вклучиле и други лица. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари