Билтен на СВР Охрид- Сообраќана несреќа на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, тепачка во Охрид помеѓу двајца охриѓани и двајца штипјани…

- Локални
1359
На 02.01.2024 година во 02.45 часот, на улицата „8 март” во Охрид, приведени се Р.А.(47) и Ј.П.(47), двајцата од Охрид како и К.С.(19) и А.Ј.(19), од Штип. Тие, претходно на улицата „Стив Наумов” во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.01.2024 во 18.30 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф” со црногорски регистарски ознаки, управувано од В.И.(77) од Република Црна Гора, патничко моторно возило „мерцедес” со српски национални ознаки, управувано од С.М.(27) од Република Србија и патничко моторно возило „форд” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(61) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф” О.И.(70) од Црна Гора, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, двајца сопатници од возило „голф” и уште двајца сопатници од возилото „мерцедес”, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Р. (34) од Охрид и Љ.З.(41), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. При претрес извршен во стан во Охрид што заеднички го користеле, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога Кокаин.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Б.(46) од струшкото село Лабуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При преглед извршен во возило „Опел” кое тој го управувал по локален пат во струшкото село Мислешево, полициските службеници пронајдоа и одзедоа Марихуана.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари