Бобан Блажески ја заврши кариерата: Ракометот за мене беше успешен маратон што траеше 15 години

- Локални, Спорт
843

Стружанецот Бобан Блажески одлучи да ја заврши ракометната кариера.

Во текот на успешната кариера, Блажески беше дел од младинската репрезентација на Македонија, играше на европски натпревари, беше дел од тимот на Куманово, Металург и Вардар, играше за РК Охрид, за тимот на Радовип, Пелистер од Битола и секако за родната Струга.

,,Ми се отворија нови патишта во животот и ова беше вистинското време да се збогувам од ракометот. Тоа беше еден долг и успешен маратон што траеше петнаесет години. Најголемите достигнувања за мене се луѓето со кои ги поминав овие години, колегите, дружбите, патувањата. Секој натпревар го играв до последна секунда, секој натпревар имаше свое значење. На секој пораз и на секоја победа се сеќавам како вчера да беше. ,,-вели Блажески за Strugaonline

Се чини дека тој сосема се збогува од ракометот, со оглед на тоа дека во иднина не се гледа себеси како тренер.

Во последните неколку сезони  Блажески  беше еден од најдобрите стрелци во суперлигашката конкуренција. Во регуларниот дел од натпреварувачката сезона 2022/23 постигна 63 погодоци.

Strugaonline

фото: Кристина Мукоска

Facebook Коментари