Царинската управа открила непријавени санитарни производи наменети за увозник од Струга

- Локални
655

Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови,   козметика, патничко возило, полуприколка, санитарни производи и балони.

Oд царинската управа информираат дека поголема количина кади со џакузи, стакла за туш кабини, капаци за WC школки и лајсни и фолии за ламинатни подови,биле откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга. Непријавените производи, кои не биле опфатени со царинските документи, се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поведена соодветна постапка.

Извор: Царинска управа

Strugaonline

 

Facebook Коментари