Четврта форумска сесија на заедницата утре во Струга

- Локални
476

Општина Струга ги поканува сите заинтересирани граѓани на четвртата форумска сесија, која ќе се одржи на 14.11.2019 (четврток) со почеток во 10:20 часот во ресторант Аполонија. Форумската сесија е претпоследна од процесот на форуми во заедниците на кои граѓаните предлагаат проекти кои општината треба да ги спроведе, а ги задоволуваат нивните потреби како граѓани на истата.

Зајакнувањето на општинските совети е проект кој има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на локалната власт преку поддржување на општинските совети при вршење на нивната функција, посебно во однос на надгледување на локалниот буџет. Проектот ги поддржува општините во постигнувањето на поголема отвореност и инклузивност, со што ќе се помогне во градењето на јавната доверба во локалните институции. Проектот е финансиран од УНДП, а го спроведува Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари