Царовска: Растат пензиите за 322.622 пeнзионери, подеднакво се грижиме и за младите и за повозрасните

- Македонија
99

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Фондот на пензиското и ивалидското осигурување Шаип Зенељи и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова денеска на заедничка прес конференција во Владата го најавија новото зголемување на пензиите проектирано со Буџетот за 2020 година кое ќе стартува со исплатата на јануарската пензија.

Министерката Царовска рече дека оваа Влада докажа дека се грижи за сите лица подеднакво, од најмладите до највозрасните и поеднакво вложува во сите нив.

„Изминтиот период пензиите растеа и продолжуваат да растат и во наредниот период. На почетокот на 2020 година просечната пензија со последното покачување што вчера го најави претседателот на Владата, а го проектиравме во Буџетот ќе изнесува околу 15.500 денари, или од доаѓањето на власт до почетокот на идната година вкупно сме ја покачиле просечната пензија за 1.746 денари. Просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14.598 денари, а во 2016 година 13.754 денари “, рече министерката Царовска.

Со новото законско решение нудиме системско зголемувње на пензиите, бидејќи секој заслужува квалитетен и достоинствен живот. Конкретно, растот на пензиите ќе го следи покачувањето на минималната и просечната плата во државата. Покачувањето се прави плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата. Системското решение предвидува дополниетлно зголемување на пензиите освен според растот на БДП, да може да се зголемуваат и според растот на платите. Во години на раст на минимална плата над 15%, и на раст на просечна плата за 5%, ќе има можност за покачување и на пензиите за 5%.

Според ова законско решение на 322.622 пенизонери ќе им следуваат по 700 денари повеќе од почетокот на следната година. По усогласувањето на проектираните трошоци за живот  се очекува дополнително зголемување на просечната пензија за околу 200 денари, односно за раст на просечната пензија за околу 900 денари само во 2020 година.

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското огигурување Зенељи рече дека со пензиската реформа којашто стартуваше на почетокот на оваа година се стабилизираше фондот, а пензионерите добиваат и ќе продолжат да добиваат редовна исплата на пензиите.

„Приходите во ФПИОСМ растат за 10% споредено во периодот јануари-октомври 2018 и јанануари-октомври 2019 година. Овој пораст не е само од зголемувањето на придонесот од 0.4, туку поради раст на плати и новите вработувања. Исто така, дефицитот за една година е намален за 3.776.000.000 денари. Во 2018 година бил 19.420.000.000, а во 2019 година инесува 15.644.000.000“, рече Зенељи.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пенизонери Станка Трајкова којашто изрази благодарност до Владата што излезе во пресрет на барањата на пензионерите истакна дека од линеарното зголемување најголема придобивка имаат лицата со најниските пензии.

„Ако гледаме процентуално најголемо зголемување од 5.8% до 7.8% имаме кај најниските пензиите  до 12.000 денари, а најмало 1.5% до 5.8% над 12.000 до највисоките пензии. Пензија до 12.000 денари во моментот во државава примаат  141.766 лица или 43.94% од вкупниот број на пензионери“, рече Трајкова.

Покачувањето на пензиите на почетокот на 2020 година, претседателот на Владата Зоран Заев го најави уште во мај годинава, што покажува дека оваа Влада собраните проходи ги враќа кај сите категории на граѓани, вклучувајќи ги и пензионерите.

Strugaonline

Facebook Коментари