Денеска во Струга отворена регата- В.К „Црн Дрим“ слави 85 години постоење

- Локални, Спорт
842

По повод 85 години постоење,  Веслачкиот клуб „Црн Дрим” Струга организира отворена регата на eргометар.  Овај настан ќе се одржи денеска во просториите на Вескачкиот клуб ( до ракометното игралиште на Женска Плажа)

„Сите кои сакаат да ја проследат оваа регата се добредојдени, воедно ќе можат и да ги воочат предностите на овој спорт. Сите поранешни членови на В.К.Црн Дрим исто така  се поканети да дојдат и да се потсетат на минатото кога тие биле активни во веслањето.“ – велат од В.К „Црн Дрим“

Почетокот на регатата е закажан за во 11:00 часот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари