DJ Crazy Slave гостин во „Слушај Плеј во 2“ на Плеј радио

- Забава, Локални
1781

Во рубриката „Мојот избор“ која е дел од емисијата „Слушај Плеј во 2“ на Плеј радио, каде познати ликови од нашиот град избираат три песни кои ги емитуваме за нашите слушатели учествуваше DJ Crazy Славе.

Потсетувајќи се на сопствената успешна биографија Славе вели:

„Првите два грамофони ги заработив работејќи на женска плажа. Чистев и наплатував влезници. Музика слушав уште во осмолетка. Сето тоа стана посериозно откако почнав да собирам плочи. Во втора година средно одредено време поминав во болница, тогаш најмногу слушав музика – посебно радио. Слушав италијански станици на АМ фрекфенција. Промена во мојата кариера се случи во 1978 година кога во ревијата „Екран“ се организираше избор на најдобар DJ во Македонија. На тој избор победив и 78-та и 79-та година. Тоа ми го отвори патот за посериозни ангажмани. Настапував на телевизија и во повеќе градови низ Македонија. Потоа започна радио-приказната. Работев како музички уредник и водител во Радио „Струга“.

Долго време ги водев популарните дискотеки „Бисер“, „Градиште“, „Крани“ и други. Откако заврши мојата соработка со Радио „Струга“ отворив приватна радио станица, односно со работа започна DJ РАДИО. Со радиото раководев десеттина години. Во меѓувреме почнав да се занимавам со менаџерство. Работев со сите познати групи и пејачи од тогашна Југославија. На тој начин, стружани од блиску имаа можност да ги видат речиси сите тогашни големи sвезди. Сето тоа траеше до 1996 година кога се преселив со своето семејство во САД, но љубовта кон Македонија ме враќаше овде секое лето.

Последниве години кога доаѓам во Струга, на мое големо задоволство имам покани за диско журки во повеќе градови низ Македонија. Ретрото ми е специјалност. Најверојатно, јас сум еден од повозрасните активни dj-и. Тоа е така затоа што сметам дека музиката е се што ни треба.

Не се сомневавме во неговиот квалитетен избор, а ви го препорачуваме и вам. DJ Crazy Славе ги избра следниве три теми, а ни објасни и зошто:

Тhe Doors – Riders on the storm, Oва е мојата омилена група. Сите нивни песни ми се допаѓаат.

Морисон – поет, пејач, sвезда, предизвикувач, артист, самиот ѓавол…..

Шаман – тоа е човекот кој е способен самиот себе да се занесе. Најверојатно тоа е необична особина полна со внатрешни сили. Во состојба е да се фрли во длабок транс играјќи и лудувајќи на околу. Тогаш паѓа во светот на фантазијата. Подоцна е способен својата авантура или мисија да ја пренесе на „другото племе“. Чест ми е што бев дел од тоа „племе“.

Јethro Tull – Locomotive Breath, ја предлагам бидејќи многу често ја пуштав на почетоците од мојата кариера. Слушнете ја песната, почетокот е бавен, а потоа следи еден одличен ритам и возбудлива изведба на водачот на групата  Ian Anderson – вокалист, флејтист и гитарист.

The Rolling Stones –  Angie, ова е една од најубавите балади на која игравме сентиш односно стискавац.

StrugaOnline

Facebook Коментари