Две лица физички нападнале стружанец и му го одзеле моторното возило

- Локални
303

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 34-годишниот Е.Ј. од Прилеп и 40-годишниот И.У. од Велес, двајцата со привремен претстој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка телесна повреда“ и „одземање моторно возило“.

– Тие, казнените дела ги сториле на 02.11.2021 година во 23:40 часот во струшката населба „Плитишта“ каде, со метални предмети физички го нападнале 57-годишниот Ф.Н. од Струга, а потоа му го одзеле неговото патничко моторно возило, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари