Граѓанската иницијатива „Доста“ со апели за целосно гаснење на депонијата

- Локални
1022

Граѓанската иницијатива „Доста“ излезе со соопштение околу моменталната состојба со струшката депонија како и со апели за потребните мерки кои треба да се преземат:

„1. Дивата струшка депонија сеуште не е целосно изгасната, поради тоа апелираме централната и локалната власт во една координирана акција целосно да ја изгаснат депонијата.
2. Ја поздравуваме одлуката на Владата на Р.М. за итна помош за решавање на проблемот со депонијата поради тоа апелираме на целосна транспарентност и отчетност од страна на централната и локалната власт околу постапката за набавка на големите контејнери со преса и друга машинерија.
3. Апелираме за што поскоро ангажирање лица за 24- часовен надзор на депонијата.“ – се вели во соопштението.

Извор: Strugaonline/Граѓанска иницијатива „Доста“

Фото:/Граѓанска иницијатива „Доста“

Facebook Коментари