Информативна сесија за книжевно преведување во Струга

- Локални
522

Во рамките на серијата работилници за книжевен превод организирани во различни градови во земјата, а во врска со конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“, на 02.12.2019 година, понеделник, во просториите на Универзитетот ФОН во Струга, во 12.00 часот ќе се одржи информативна сесија, проследена со практични вежби за книжевно преведување.
Работилницата ќе ја водат членовите на МАТА и докажани книжевни преведувачки, Огнена Никуљски, Љубица Арсовска и Никола Ѓелинчески и е отворена за учество за сите што ги интересира конкурсот „Вавилон“ или книжевниот превод.

Самиот конкурс е наменет за млади, сегашни и идни, преведувачи (помлади од 27 години), но работилницата ќе биде корисна за сите што сакаат да запловат по водите на книжевниот превод!
Овој конкурс се организира во заедничка соработка помеѓу Здружението на преведувачи и толкувачи на РСМ (МАТА) и Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Повеќе информации за пријавување за конкурсот може да прочитате на овој ЛИНК

Strugaonline

Facebook Коментари