Утре во Струга „Ревија на Европски филм“

- Локални
501

Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во соработка со Здружението Грин Лист од Битола, утре (сабота), 30.11.2019, во рамките на проектот „Ревија на европскиот филм“ од манифестацијата „Нов културен бран“ 2019 година, ќе прикаже два филма и тоа шпанската комедија „Убивајќи го Бога“ со почеток во 18:00ч. и документарниот филм „Крис Швајцарецот“, со почеток во 20:00 часот.


„Убивајќи го Бога“ (Killing God) -Повеќечленото семејство го поминува одморот заедно на чудна локација, во осамена куќа. Во самата куќа се појавува џуџе кое се претставува како Бог. Истото тоа џуџе ги предупредува членовите на семејството дека наредното утро само двајца од нив ќе преживета а останатите ќе умрат. Семејството мора да избере кои двајца членови ќе продолжат да живеат.
Крис Швајцарецот / Chris the Swiss (2018)  Време на војна во поранешна Југославија. Младиот швајцарски новинар Крис е пронајден мртов под необјаснети околности. На себе имал униформа на група меѓународни платеници. Режисерката Ања Кофмел е негова братучетка. Како дете, се восхитувала на овој згоден млад човек. Сега како возрасна жена, одлучува да ја истражи позадината зад неговата смрт. Преку комбинација на документарни и анимирани секвенци ќе се обиде да проникне во вистинската улога што Крис ја одиграл во овој воен конфликт.
Влезот е бесплатен, а проекциите ќе се одржат во просторијата бр.2 (од кај службениот влез).

Strugaonline

Facebook Коментари