Изложба на книги „Роднокрајните автори – родени во ноември“ во „Прличевата одаја“

- Локални
447

Од утре, 19-ти ноември до идниот понеделник во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде поставена изложбата на книги: „Роднокрајни автори – родени во ноември“.

„На овој пригоден начин со изложба на дел од нивното творештво ќе бидат претставени авторите: Митре Велјаноски, Севим Адем – Сана, Никола Митровиќ – Бабе, Стојан Ристески, Димче Донески и Димче Џајкоски.“ – информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“

Изложбата ќе може да се погледне секој работен ден од 9:00 до 18:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари