ЕХФ ЛШ-Вардар загуби од селекцијата на Кјелце

- Спорт
487

Во натпреварот на неделата во ЕХФ лигата на шампионите Вардар гостуваше кај Кјелце во Полска. По ремито во Скопје 28-28, сега претстоеше уште две долги и неизвесни полувремиња. „Црвено-црните” се уште мака мачат со повредите на дел од играчите, па поради тоа во Полска не отпатуваа ниту Даинис Криштопанс ниту Сергеј Горбок. И други ракометари се жалеа на повреди што значително го намали изборот на терен. На крајот Вардар се врати со пораз, 25-35 и без бодови.

По 8 одиграни натпревари Вардар е на петтото место со 9 бода, само два помалку од второпласираниот Монпелје и четири од лидерот Кил. Од првото до шестото место разликата е пет бода. Овие шест екипи: Вардар, Кил, Монпелје, Веспрем, Кјелце и Порто веројатно ќе се борат за првото место што води директно во четврт-финалето на ЛШ, а другите ќе играат во сминафиналето.

Извор и фото: РК Вардар

 

Facebook Коментари