ЈП Комунално-Струга: Не вршиме сеча на дрва, веќе исечените дрва ги подигнуваме поради безбедност

- Локални
598

ЈП„Комунално-Струга ги демантира изјавите по порталите дека врши сеча на дрвата на улица Партизанска (спроти Хотел Дрим).

Во демантот, тимот на „Комунално“ објаснува дека  се работи само на подигнување на веќе исечените дрва од страна на изведувачот на градежни работи по издадено решение од секторот за комунални работи на општина Струга .
-Решението е издадено по барање на изведувачот заради зачувување на безбедноста на пешаците, возилата и градежните објекти во близина.-велат од претпријатието.

На истите места од страна на ЈП„Комунално-Струга ќе бидат посадени нови дрва.

Strugaonline

Facebook Коментари