Казна за 26 возачи во Струга, возеле побрзо од пропишаното

- Локални
341

На 03.05.2021 година во времето од 10:00 до 16:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни акциски контроли.

-Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 77 возачи на патнички автомобили кои ја пречекориле дозволената брзина на движење : Охрид 14 ( 06 надвор од населено место и 08 во населено место), Струга-26 (11 надвор и 15 во населено место), Кичево-16 (05 надвор и 11 во  населено место), Дебар-21 (15 надвор и 06 во населено место). Во Охрид, со специјално возило „пајак“, подигнати се 03 патнички возила поради неправилно паркирање на коловоз.- информираат од СВР Охрид

Facebook Коментари