Квалитетни македонски и странски екипи на 50-тиот ракометен турнир во Струга

- Локални, Спорт
561

Интернационалниот ракометен турнир во Струга, годинава ќе го одржи своето 50-то јубилејно издание од 16-ти до 20-ти август.

На големиот јубилеј во Струга ќе играат словенечкиот шампион Целје, грчкиот вицепрвак АЕК Атина и словачки Татран Прешов.

Од македонските екипи ќе учествуваат Вардар, Еурофарм Пелистер, Алкалоид, како и домаќинот на турнирот, Струга. Кој ќе биде осмиот учесник на традиционалниот ракометен турнир во Струга треба да биде познато во следниот период.

Лани во финалето на турнирот играа Вардар и Еурофарм Пелистер, а титулата ја освои Вардар.

Facebook Коментари