Мега популарниот филм ,,Чувари на формулата” на Драган Бјелогрлиќ во сабота ќе се прикажува во Охрид

- Локални
223

Во сабота на кино репертоарот на огридскиот Центар за култура е  мега популарниот филм ,,Чувари на формулата” на Драган Бјелогрлиќ.

-Во екот на кризата од Студената војна, група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.-стои во описот на содржината.

Почеток е закажан за 20.00 часот, билетите се по цена од 150 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари