Во четврток во Струга ќе се прикажува популарниот филм „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ

- Локални
386
Популарниот филм „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, со проекција во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“  премиерно ќе се прикажува пред струшката публика на 23.11.2023год. (четврток), со почеток во 19.00 часот.  Влезот е 150 ден.
,,Чуварите на формулата”, базиран на романот на Горан Милашиновиќ „Случајот Винча”, е возбудлива филмска приказна инспирирана од вистински настан во Институтот Винча кој се случил пред 65 години, на 15-ти октомври 1958 година. Несреќен инцидент, кога тим од најголемите умови на тогашна Југославија, за време на експеримент во нуклеарен реактор, биле изложен на смртоносна доза на радијација. Тие ќе станат првите пациенти во историјата на светската медицина на кои им е извршена трансплантација на коскена срцевина во познатиот институт „Кири” во Париз.
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Радивоје Раша Буквиќ, Алексис Маненти, Ана Сара и Оливие Бартелемија.
Сценарист е Вук Ршумовиќ, а ко-сценаристи се Бјелогриќ и Огњен Свиличиќ, директор на фотографија е Иван Костиќ, а од македонски автори со свој придонес во филмот се Игор Поповски како дизајнер на звук и Горан Игњатовски како автор на маска.
Најновиот хит филм на Драган Бјелогрлиќ, својата светска премиера ја имаше на Филмскиот Фестивал во Локарно во склоп на програмата Пјаца Гранде, во најголемото кино под отворено каде го гледаа повеќе од 8,000 гледачи, а му беа доделени и две награди.
По светската премиера во Локарно, ја доживеа својата Македонска премиера во склоп на овогодинешното издание на фестивалот Киненова, каде свечено го затвори фестивалот и ја доби наградата за најдобар филм на Киненова.
Strugaonline

Facebook Коментари