Мешаната пејачка група „Езерски бран“ од ЗП Струга настапи на 22-та Фолклорна ревија на песна, музика и игра

- Локални
1924

На 11 мај, во Лабуништа се одржа 22-та Фолклорна ревија на песна, музика и игра во организација на СЗПМ.

Во конкуренција од осум здруженија на пензионери од осмиот регион, мешаната пејачка група „Езерски бран“ пр ЗП Струга, имаше успешен настап.

Пејачката група е составена од членовите: Оливера Калајџиеска, Виолета Матовска, Павлина Кузманоска, Марија Симакоска, Лубица Настоска,Виолета Опетческа, Ристо Турикашески, Ристо Матоски, Делче Илиески, Стрфан Голабоски и Арсе Солакоски. Истите беа  предводени од претседателот на Комисијата за културно-забавен живот при ЗП Струга Ристо Турикашески, а програмата, кореографијата и подготовките за настапот беа дело на Нада Чоторошкоска и Елисавета Лазороска, претседател на Активот на жени.

Тие се претставија со три македонски народни песни карактеристични за Струга и тоа: „Дрим тече среде Струга“, „Брала мома капини“ и сплет на три песни.

Силните аплаузи и воодушевувањето за успешниот настап на мешаната пеачка група „Езерски бран“при ЗП Струга, ги поттикна домаќините и другите гости учесници да формираат заедничко пензионерско оро.

За успешниот настап  струшките пензионери добија благодарница од страна СЗПМ.

Текст и фото:Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари