Деветгодишниот Јован Кутаноски од Струга кој е повеќекратен првак во триатлон, дуатлон и акватлон е првиот талент поддржан во вториот циклус на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ иницирана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).
Станува збор за исклучителен талент кој на свои 3 години успеал да комплетира триатлон и е носител на бројни медали на државни и меѓународни првенства.
Меѓу неговите најнови успеси се освоеното прво место на Националното триатлон првенство во Дојран, прво место во Хрватската триатлон лига и првото место во триатлон на меѓународно натпреварување во Германија, во својата категорија.
– Посебно нѐ радува што обезбедивме поддршка за млад талент кој уште во текот на првиот циклус преку своите родители пројави интерес за учество во кампањата. Талентот и енергијата кои Јован ги поседува се навистина импресивни, а неговите резултати говорат дека се работи за дете со огромен потенцијал, пред кое стојат уште многу успеси со кои нашата држава ќе се гордее – истакна Васко Илијевски, претседател на АСОМ.
Преку кампањата „Вложуваме во млади таленти“ која се имплементира втора година по ред, AСОМ како општествено одговорен субјект обезбедува поттик и поддршка за развој на младите таленти од областа на спортот, уметноста и науката, со што дава значителен придонес за заедницата.
Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК
Извор и фото: Плусинфо
Facebook Коментари