На 29-ти октомври ,,Ататурк“ велосипедска тура во организација на Рупикапра МТБ

- Локални, Спорт
604
Во организација на Рупикапра МТБ – здружение за планински велосипедизам, а по повод 100 години од создавањето на Република Турција, со велосипеди ќе биде посетен Спомен домот на таткото на Кемал Ататурк во селото Коџаџик. Турата ќе продолжи низ селата во Центар Жупа.Покрај паузата во Коџаџик следна пауза е предвидена и во селото Рајчица кај женскиот манастир Св.Георгиј Победоносец.
Основни информации за турата:
-кружна тура (ХЕЦ Глобочица-Долгаш-Новак-Коџаџик-Центар Жупа-Мелнички мост-Рајчица-Дебар-Џепиште-ХЕЦ Глобочица)
-должина на турата: 60km
-вкупна елевација: 1400m
-Потребно време за возење: 4-6h
-Старт и финиш: паркингот на хидроцентралата Глобочица (35км од Струга према Дебар или 20км од Дебар према Струга )
-Терен: 100% Асфалт
Правила за учество:
-Секој учесник во турата вози на сопствена одоворност и е лично одговорен за евентуалните несакани последици.
-На турата може да учествува секое полнолетно лице(малолетно во придружба на родител) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по асфалт со вкупна елевација од 1400 метри.
-Секој учесник е должен да има технички исправен велосипед,кацига,резервна гума,алат.
-Задолжително задно црвено светло кое ќе го вклучиме од Мелнички мост према финишот на турата.
-Пристигнување на паркингот на ХЕЦ Глобочица еден час пред стартот на турата
Повеќе детали: Тихо- 078 368 078
Душко- 070 247 850
Виктор- 076 457 464
Strugaonline

Facebook Коментари