Нашиот сограѓанец и другар Мирко загина во сообраќајка на Велигден, нека почива во мир

- Локални, Хроника
2471

Вчера во 13.55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Елевци – с.Евла, Центар Жупа, патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од с.Враништа, излетало надвор од коловозот.

„На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар.

На социјалните мрежи пријателите со трогателни пораки се збогуваат од починатиот Мирко Миноски.

Facebook Коментари