Oд полноќ поевтинува дизелот

- Локални
235

 Цените на бензините не се менуваат, додека дизелот од полноќ ќе биде поевтин за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит и ќе изнесува 75,50 ден/лит – се вели во соопштението на Регулаторната комисија за енергетика.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,158% или за 1,250 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 0,807% или за 6,600 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 1,158% или за 9,250 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,035% или за 5,100 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,1605 ден/$ и е за околу 0,562% понизок од курсот на доларот (57,4835 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Facebook Коментари