Во петок во Охрид реприза на претставата „Лавиринтот“

- Локални
287

Актерите од  Народен театар Охрид, во петок на 24-ти ноември 2023 година, со почеток во 20:00 часот ќе ја одиграат претставата „Лавиринтот“ од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески.

– Во претставата играат Ивица Цонев и Марко Богдановски. Композитор е Алмир Бајрамоски, а во претставата се користат пиротехнички средства, информираат организаторите.

Претставата се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, а билетите се продаваат по цена од 200 денари.

Facebook Коментари