Опожарен автомобил на патот Вевчани-Струга, нема повредени лица

- Локални
427

На 12-ти октомври 2021 година, во 21:00 часот, во СВР Охрид, пријавен е пожар во патнички автомобил „Мерцедес Смарт“, кој се движел на патот Вевчани-Струга, во кој нема повредени лица.

– Од извршениот увид констатирано е дека пожарот во возилото со струшки регистарски ознаки, што го управувал С.Ж (41) од селото Велешта, се појавил во задниот дел кај системот за издувни гасови. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информираат од СВР Охрид.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари