Општина Охрид со низа свечености по повод Илинден

- Локални
29

Со свечена програма Општина Охрид ќе го одбележи 2 август Денот на Републиката. Настаните, како што информираат од општината, се и во чест на три големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.

Програмата започнува во четврток од 19:30 часот во Лапидариумот кај Спомен куќата на Робевци. Ќе биде отворена изложбата „Македонија во светот на хералдиката“, а предвидена е и музичка програма.

Во петок од 20:30 часот, во селото Велгошти ќе се одржи културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“, а истиот ден од 21:00 часот кај црквата Св.Илија во селото Рамне ќе се одржат традиционалните Илинденски средби.
Во сабота, на денот на празникот настаните ќе започнат од 10:00 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во Градскиот парк, а потоа кај „Прентов мост“. Од 11:00 часот во селото Плаќе ќе се одржи историски час, по што е предвидена и културно-уметничка програма. Вечерта од 21:00 часот во селото Елшани ќе се одржи Илинденска вечер.

StrugaOnline

Facebook Коментари